Различна од сé досега
» Официјалната премиера на Opel Astra L се очекува есенва, заради што и прототипите мораа да бидат изнесени на финални тестови на јавните патишта. Astra од шестата генерација ќе биде близок роднина на новиот Peugeot 308 кој ќе биде претставен идната недела. Тогаш и ќе дознаеме со што ќе биде моторизирана и таа бидејќи ќе ги има истата платформа и погонски групи. Секако, изгледот ќе биде сосема поинаков, и од оној на 308 и од сите нејзини генерации досега. Дизајнерските црти веќе се дефинирани со новото Vizor изразување кое е најавено уште во 2018 година со концептот GT X Experimental.