Нови технологии за осветлување на Opel
» Opel и техничкиот универзитет во Дармштат започнаа заедничко истражување на новите технологии за осветлување. Соработката е дел од глобалната истражувачка мрежа на Stellantis заедно со реномирани универзитети. Моментално, 15 таканаречени OpenLab стекнуваат научни сознанија за употребата на технолошките системи кај идните генерации на возила. Стратешкото партнерство со овој техничкиот универзитет од Дармштат, првата Stellantis OpenLab во Германија, ќе овозможи нова ера на технологии за осветлување. Покрај тоа, Stellantis финансира тројца докторанти на катедрата за електротехника и информатичка технологија на универзитетот, првично во следните четири години.
„Напредните адаптивни светлосни системи се многу повеќе отколку само да го осветлуваат патот според услови кои се на патот“, изјави извршниот директор на Opel Уве Хохгешурц. „Тие се поврзани со бројни системи за помош при возење и го прават возењето побезбедно и поудобно. Заедно со техничкиот универзитет од Дармштат сакаме да развиеме целосно нови системи за осветлување и да ги донесеме на пазарот. Задоволни сме што работиме со нивните експерти за наука и истражување“.
Предниот дел кај Manta GSe Elektromod веќе покажува како безбедноста во патниот сообраќај може да се зголеми преку иновативни системи за осветлување. „Имаме холистички поглед на темата за светлината. Светлината има голема важност во многу области кај автомобилот, што оди многу подалеку од предните светла“, објасни Филип Рекл, главен инженер за иновации за надворешно осветлување. Затоа, истражувањето во OpenLab во Дармштат се фокусира на понатамошниот развој на системите за комуникација и помош на возачот, адаптивни системи на предните светла, задните светла, внатрешното осветлување и изворите на светлина воопшто.
Финансираното истражување ќе вклучи интелигентен, самоприспособлив систем на предни и задни светла што оптимално се прилагодува на околината и ситуацијата во сообраќајот, како и на други фактори кои влијаат. Првичните тестови со прототип се веќе планирани за крајот на годината. „Сакаме да направиме револуција во автомобилското осветлување со оваа технологија и да го придружуваме развојот низ сите фази, од истражување до прототипи и тестирање до готовиот производ“, изјави професорот Тран Квок Кан, раководител на одделот за адаптивни системи за осветлување и визуелна обработка во техничкиот универзитет Дармштат. За двата партнера, новата отворена лабораторија значи победничка ситуација на патот кон идните генерации на светлина: Stellantis може да ја искористи стручноста на кадарот на реномираниот универзитет за да ги пренесе наодите од истражувањето во системите на возилата, а докторантите може да ги користат автомобилската техничката инфраструктура на компанијата за да ги тестира нивните случувања на терен. „Ние работиме со експерти од областа на професорот Кан долги години. Оваа соработка на полето на технологијата за осветлување ќе се интензивира и зајакнува долгорочно од OpenLab“, додава Рекл. Тековниот истражувачки проект првично е планиран за четири години. Сепак, целта е да се воспостави стратешка соработка за следните десет години и понатаму. „Ако сè оди според планираното, првите возила со технологиите за осветлување развиени со Stellantis ќе бидат видени на патиштата до 2028 година“, рече професорот Кан. „Тие ќе имаат една од најинтелигентните технологии за осветлување во светот“.