Ќе биде ли игнориран?
» Незадоволен од правецот во кој се развива гамата на Škoda, чешкиот дизајнер Ростислав Роста Прокоп креираше уникатна студија со која сигурно ќе го привлече вниманието на одговорните. Но за жал, веднаш можеме да кажеме дека идејата за еден вака исклучително интересен автомобил најверојатно ќе биде целосно игнорирана од нивна страна. Тој благодарение на својот талент и компјутерските вештини направи уникатна верзија на спортски модел кој го нарече Octavia Supersport. Замислен на основа на платформата на Honda NSX, тој би имал централно поставен мотор што ги дефинираше неговите пропорции. Острите црти на дизајнот задржани од третата генерација на Octavia успешно се прилагодени на спортскиот стил на автомобилот, со примена на некои детали од други марки.
Со еден збор, многу успешно!