Tags: , , ,
Nissan влегува во нова електрична ера

Nissan Ariya (со видео)

» Наречен Ariya, овој електричен модел е базиран на концептот прикажан полани на салонот на автомобилите во Токио, од кој сериската изведба не се разликува многу. Има габарити типични за кросоверите од компактната класа (должина 4,6 метри, широчина 1,85 и височина 1,66 метри), но со нагласено растегнато меѓуоскино растојание од 2,78 метри. Ќе доаѓа во неколку изведби. Две се со погон само на задните тркала, со 218 или 242 KS и батерии од 63 или 87 kWh, кои обезбедуваат автономија од 360 односно 500 km. Верзиите со погон на сите тркала имаат ознака e-4orce и електромотори од 279, 306 или 394 KS. Батериите со истиот капацитет ќе им траат 340, 460 односно 400 km. Внатрешноста донесува потполно нов дизајнерски пристап. Пространоста е забележителна, а дигиталната инструмент табла и централниот екран се споени.

Nissan Ariya веќе е пласирана на домашниот јапонски пазар по цена од околу 40.000 евра, а купувачите во САД, Европа и Кина можат да го нарачаат но поголем дел од нив ќе чекаат на испорака.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *