Повеќе сила, помала потрошувачка
» После две години, актуелната генерација на Nissan Juke доби хибридна верзија која ја позајми од братскиот Renault Captur со кој ја дели платформата. Тој е комбинација на 1,6 литарски бензински агрегат од 94 KS, електромотор од 49 KS, стартер-генератор од 20 KS и батерии со скромен капацитет од 1,2 kWh. Од Nissan велат дека овој систем ќе овозможи 40% заштеда во град односно 20% во комбинирано возење, иако е малку тешко во тоа да се поверува. Изгледот е ревидиран малку, колку да се подобри аеродинамиката, додека заради хибридниот склоп багажникот е помал за 68 литри. Продажбата ќе стартува во текот на летото.