Копнеејќи за нешто друго
» Граѓаните на социјалистичката земја кои за разлика од своите сонародници од запад не беа расипани од ѕвездите, во својот живот во кој владееше сивило имаа и светли моменти. Еден таков беше и појавувањето на чудниот автомобил на кој многу луѓе му се воодушевува. Знаеја дека не беше дошол од некој друг свет туку дека е направен тука, во нивниот двор и заради тоа уште повеќе се восхитува на неговата елегантна убавина која му ја даваа во италијански стил заоблените форми со тесен струк. Дотолку повеќе што прагматичноста на која ги научи животот на ова купе му обезбеди место за петмина. Тој, едноставно, зрачеше со егзотична харизматичност.
И покрај амблемот на VW на хаубата, да не беа двојните издувни цевки и шкргите за влез на воздух на долгиот заден дел неговото потекло залудно ќе се бараше. Немаше име, не припаѓаше на некоја марка, ниту пак доаѓаше од било кој производител. Едноставно, тој беше уникатен, направен во домашни услови, и тоа во 1958 година во Источна Германија, која сé уште страдаше од последиците од војната и каде автомобилите беа ретки како тропско овошје, во времето кога Wartburg и Trabant тукушто беа појавени и да се има приватен автомобил не беше ништо друго освен сон за некоја имагинарна, подобра иднина.
Дело е на човековата упорност да се создаде нешто убаво, нешто што ќе ја згрее душата и нахрани умот. Неговиот творец Ерхард Нојман беше уште младо момче кога си ја врежа идејата во глава. Воден од неговите естетски идеи прво направи дрвен модел во размер 1:10, а потоа го нацрта со сите детали. Му требаа стотици работни часа во слободното време навечер да го моделира, повторно од дрво. Тоа што го имаше научено од семејниот бизнис за репарирање на стари возила и нивна преправка во минибуси, доставни комби возила па дури и мали камиони многу му помогна. Знаеше како се работи со механиката, како со лимот, како со стаклата.
Така, заедно со неговиот постар брат и татко му си ги поделија задачите. Како стартна основата им послужи воениот VW Typ 82 Kübelwagen произведен во Волфсбург во 1943 година, изгорен на источниот фронт за време на војната. Им требаа три години да го комплетираат, собирајќи делови од каде ќе стигнеа. Воланот и светлата беа од тогаш новиот Wartburg 311, брзинометарот од VW Karmann-Ghia, а тркалата, моторот со 30 KS и менувачот од Буба. Резултатот беше фасцинантен автомобил со две врати тежок 880 килограми каков што никој не беше видел, ни таму, ни на запад. Го однесоа на контрола кај државните органи, прво во блискиот град а потоа и во Берлин, а експертите од техничката комисија, обземени од она што го видоа и пробаа, му издадоа сертификат за, цитираме, пластичен производ со каросеријата на автомобил.
Источногерманската приказната од соништата за малку тука ќе завршеше да не беше инаетот на тројцата негови креатори. Тие се возеа наоколу, сите ги гледаа, но никој не реагираше. Не помогна многу ни исцрпната приказна објавена во едно специјализирано списание, никој не ги пофали за нивната работа, ниту пак се интересираше за автомобилот. Така тие во ’59-тата тргнаа на пат најпрво кон Келн, а потоа и на салонот на автомобили во Франкфурт каде предизвикаа сензација како да беше дошол вонземјанин. Реагираа и од Volkswagen, со намера да го произведуваат. Тогаш се заинтересираа и источногерманските власти и делегација предводена од министерот за економија дури и ја посети семејната работилницата. Но на крај не испадна ништо. Никој не даде одговор зошто – премногу екстравагантно, прескапо, тоа ли што беше приватна идеја, недоволно за национален производ… Како и да е, сите шанси беа пропуштени иако на крајот на 50-тите не постоеше ништо слично.
Животот продолжи да тече и понатаму со истиот ритам како и пред тоа, со еден исклучок – немирниот дух на Ерхард во 1966-тата повторно ја разбранува источногерманската автомобилска сцена која се формираше, сега место со црн елегантен семеен автомобил со спортски линии, со црвена купе изведба на Trabant 601. И повторно без успех – сé застана непосредно пред планираното сериско производство, закочено од повисоките државни нивоа.