Дефинитивно крај за Mitsubishi
» Некогаш славното име кое пишуваше цели поглавја во историјата на автомобилизмот ќе се сведе на неколку букви, и тоа позајмени – од 2026 година Mitsubishi ќе престане да развива возила за домашниот пазар и ќе нуди ребрендирани модели на Nissan, кои можеби ќе имаат карактеристики кои ќе им ја нагласат индивидуалноста. Управата на јапонскиот производител верува дека ова ќе ѝ помогне на компанијата да ги држи под контрола спиралните трошоци за развој и да го стопира таложењето на загубите предизвикани од насочувањето на инвестициите кон електричните возила. Овој план, иако не е изненадување, покажува дека Mitsubishi сé уште пропаѓа во виорот предизвикан од срамно слабата понуда на возила што неминовно доведе во драстично намалување на продажбата и повлекување на марката од значајните светски пазари. Сепак, овој стратешки потег ќе доведе до концентрирање на ресурсите кон она што ќе им остане, а тоа, за жал, не е многу.