Целосна предност на струјата
» Директорот на развој на Mercedes Маркус Шефер изјави дека деновите на плаг-ин возилата со трикрака ѕвезда се одбројани. Тој не посочи кога е донесена одлуката и кога таа би станала ефективна, но кажа дека заради комплексноста едноставно е неисплатливо да се развиваат возила со два типа погонски единици. Затоа и ќе се даде целосна предност на струјата, чија иднина е далеку поперспективна. Сепак во објаснувањето на ставот на компанијата тој каже дека тоа не значи дека во иднина нема да видиме ниту еден нов модел на Mercedes со плаг-ин технологија, односно дека тоа што веќе е развиено ќе се користи додека се може.
Мора да признаеме, сето ова има смисла.