Tags: ,
Mercedes S-класата некогаш требаше да има и W18 мотор

Сте слушнале ли за Mercedes 800 SEL?

» Кога ќе се спомене S-класата на Mercedes веднаш во на суперлативи се помислува на нејзините технички решенија, меѓу кои е и големиот V12 агрегат. Но дали знаете дека оваа лимузина некогаш требаше да има и W18 мотор? Имено, германските инженери на почетокот на деведесеттите години под кодната ознака М216 за S-класата од третата генерација (W140) развиле осумлитарски агрегат добиен со спојување на три шестцилиндрични мотори под агли од 75,5 степени. Од нив требало да се преземат многу заеднички елементи, со кои овој агрегат во споредба со тогашниот V12 би бил помодерен. Требало да биде понуден во две верзии, со 490 (со два вентила) и 680 коњски сили (со по пет вентили на цилиндар), а за послабиот кој би се појавил прв веќе била смислена и ознаката на моделот во кој ќе се вградува – 800 SEL. Сепак, менаџмент на компанијата проценил дека шестлитарскиот V12 мотор е повеќе од доволен за задоволување на барања и на најпрефинетите купувачи, и така остана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *