Tags: , ,
Mercedes CLK (1997-2003) – фото галерија

Купе кое го изненади светот

» На преминот меѓу двата милениума Mercedes беше во рана фаза на производствена експанзија – меѓу бројните нови модели беше и CLK. Официјално наследник на купе верзијата на E-класата иако беше базиран на помалата C-класа, овој модел се појави година дена после компактниот родстер SLK, во јануари 1997 година. Претставен на јавноста на северноамериканскиот салон на автомобилите NAIAS во Детроит, јасно даде до знаење дека во Mercedes дуваат поинакви ветришта нагласувајќи колку е компанијата сериозна во пробивањето во нови сегменти. Целта на марката беше со новите возила да се освојат и помладите купувачи, засилувајќи ја со тоа својата база на пазарот.

Приказната за CLK за јавноста започна во март 1993-тата со студијата на Mercedes која предизвика сензација на салонот на автомобилите во Женева – елегантното купе со четири седишта го најави новото лице на марката кое го карактеризираа четири тркалезни светла. Со витката маска меѓу нив и опкружени со силно моделираните крила подгреаја здрава дискусија. За тоа придонесе и задниот фастбек дел со голема стаклена врата од багажникот: вака ли ќе изгледа идното возило на марката од Штутгарт? А таму беа задоволни – токму тоа беше поентата, да се запознае јавноста со новите елементи на дизајнот. Затоа и реакција на прашањето колку новото купе со трикрака ѕвезда ќе биде прифатено на пазарот беше недвосмислена – купувачите ќе ги има во добар број заради начинот на кој беше претставено.

Исправноста на тенденцијата на Mercedes да не се создава луди демонстрациски автомобили преполни бесмислен спектакл кои ќе предизвикаат краткорочно запрепастување а после некое време ќе исчезнат во заборав се покажа четири години подоцна – CLK изгледаше неверојатно слично на студијата од Женева (обидете се од фотографиите во галеријата да препознаете кои се од неа а не од серискиот модел), покажувајќи колку дизајнот на новото купе беше блиску до сериското производство многу пред неговото почнување. Иако технички во многу аспекти се темелеше на C-класата користејќи ја нејзината платформа и моторите, токму бројните отстапувачки решенија на деталите и најбитно новиот дизајн на каросеријата ја документираа независноста на серијата како посебен модел. Располагаше со избор на различити линии пакети, чиј заеднички именител беше богатството стандардна опрема вклучувајќи контрола на пролизгувањето, термички стакла, асиметрично поделен преклоплив наслон на задните седишта за да се зголеми просторот во багажникот чиј поклопец далечински се отвораше… Распонот на модели беше широк и се протегаше од CLK 200 с четирицилиндричен мотор со 136 KS до врвниот осумцилиндричен CLK 55 AMG со 347 KS.

Ризикот се исплатеше. Купето беше доста добро прифатено – вкупно 233.367 единици беа произведени во фабриката на Mercedes во Бремен за пет години до мај 2003-рата, што беше за две третини повеќе отколку купе изведбата на W124 серијата во период од девет години пред него. Најмногу – 68.778 од шестцилиндричниот CLK 320 со 218 коњски сили. Со тоа првиот CLK имаше значаен придонес за успехот на експанзијата и даде потврда дека вреди да се оди понатаму со ваков храбар настап.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *