Градски автобус со пријателско лице
» Континуирано обновуван, Mercedes Citaro бил и продолжува да биде узор за градски автобус без разлика да ли станува збор за првата или втората генерација, класичен соло, зглобен или CapaCity модел со голем капацитет, со дизел, хибриден, CNG, електричен па дури и со погон на водород… Премиерата предизвика сензација – ретко кој нов градски автобус беше во толкава мерка на удар на вниманието како што беше прототипот на Citaro на светскиот конгрес на претпријатијата за јавен превоз во Штутгарт 1997-ма година, најавувајќи нова ера. Оттогаш тој е синоним за безбедност, удобност, едноставност во користењето и еколошка компатибилност со кој се забрзува и квалитативно подобрува трансформацијата на мобилноста во градовите.
Инженерите на Mercedes спакуваа иновативни технологии во практично конструирана и убаво обликувана структура со пионерски дизајн. Доследниот стил на предниот дел со типичните светла, спуштеното ветробранско стакло со рамка со закривени и контрастни столбови и интегриран екран за линијата на која вози продолжува со големите странични прозорци кои се протегаат сé до профилот на покривот. Должината варира во зависност од изведбата – најчести се 12-метарските соло и 18-метарските зглобни модели. Заедно со верзијата со верзијата со низок влез во 2006-тата добива редизајн а посебна улога има и четириоскиниот зглобен автобус CapaCity претставен една година пред тоа. Изведен директно од Citaro се нуди со должина од 19,5 или 21 метар и може да има дизајн по желба на нарачателот. Понудата ја заокружуваат 10,5 метарскиот мидибус и 13 и15-метарските верзии за меѓуградски превоз. Во 2011-тата се појавува втората генерација а значаен момент претставува 2018-та година кога беше произведен првиот сериски потполно електричен eCitaro, дизајнерски пофутуристички од стандардните модели.
Очекувано, Citaro има голем меѓународен успех и се среќава во бројни светски метрополи, од Истанбул до Мексико, од Лондон до Сингапур.