Citroen C4

Со новиот C4, Citroen го ресетираше своето присуство во компактната класа. Паузата од две години ја искористи наново да го обмисли и репозиционира овој модел чија продажба во втората генерација беше преполовена во однос на претходната.

Затоа и тој веќе не е класичен хечбек, туку со драматичните промени во однос на претходникот со кој ниту еден детаљ не го поврзува, како што трендовите наложуваат тргна накај кросоверскиот сегмент. И тоа доста самоуверено – после ваквиот комплетен пресврт C4 со својата маркантна фигура со дизајнерски елементи какви што само Citroen знае да понуди стана интересен автомобил со необичен и привлечен изглед . На предниот дел се истакнуваат двата пара светла кои заедно со маската ја формираат буквата X. Погледот на бочните страни открива трендовска купе линија која завршува со подигнати крила, спуштено стакло и атрактивен спојлер. Заради малку намуртениот заден дел кој ја истакнува агресивноста ќе биде неможно новиот C4 да не се забележи.

Во внатрешноста очекувано владее дигиталната технологија. Пред возачот е електронска инструмент табла, а над централната конзола 10-инчен екран чувствителен на допир. За безбедноста се задолжени дури 20 системи за помош на возачот, а комфорот е поле на кое Citroen не остава воопшто простор за било какви забелешки. Иновативниот пристап е заокружен со моторните технологии – сега купувачите можат да бираат меѓу бензин, дизел и струја како погонска енергија. Бензинската моторна понуда ја сочинуваат PureTech агрегатите со 100, 130 и 155 коњски сили, дизелската BlueHDi моторите со 110 и 130 коњи, додека електричната верзија ја има семејната погонска група од 136 KS, чии батерии од 50 kWh обезбедуваат автономија од 350 километри.

Сето ова на новиот C4 му дава силна стартна позиција чија предност е дополнета со агресивната ценовна политика на Citroen, така што овој модел кај нас во основната верзија чини 15.990 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *