За секој терен, во секое време
» Денес 4Matic погонот на сите тркала е раширен во сите возила од сите класи од палетата на Mercedes, дури и кај електричните иако таму технички е сосема поинаку решен. Најголем улога во неговото проширување имаше втората генерација која дебитираше 1997 година во W210 серијата на E-класата, на почетокот само кај V6 верзиите. Карактеристика на ова решение беше што наместо користење конвенционална блокада на диференцијалот системот се ослонуваше на електронската контрола на тракцијата и автоматски се вклучуваше кога барем едно тркало ќе започне да пролизгува со активирање на сопирачката на него зголемувајќи ја силата на кочење сé додека брзината на неговото вртење не се изедначи со останатите тркала.
Како термин 4Matic за прв пат се појави кај W124 E-класата во 1985 година, со задача да му помогне на автомобилот да се справи со условите за возење дури и кога се најтешки, на замрзнати и со снег покриени патишта. Но, секако, Mercedes имаше возила со 4×4 погон многу пред тоа – дури од раните години на 20-тиот век. Постојат пишани информации дека темелите за него се поставени уште во 1903 година, како и дека првите возила се направени за австриската и пруската војска во 1905-тата. Во 1907-ма година претставен првиот патнички автомобил, по што следат разни прототипи.