Некои поинакви „кинези“
» Volvo веќе цела деценија е во сопственост на кинескиот автомобилски гигант Geely. Очигледно рекордните продажни резултати кои ги постигнува шведскиот производител создаваат одлични предуслови за развој на паралелен бренд кој би користел веќе развиени технолошки решенија, а би се нудел по поповолни цени. Одличниот спој на шведското знаење и кинеската рационалност резултира со создавање на брендот Lynk & Co. Се разбира, кинеските сопственици нема со тоа да дозволат братска војна, туку ќе создадат производи кои ќе имаат сопствен идентитет и, можеби најважното, ценовно ќе бидат позиционирани пониско отколку дарителот на технологијата.
Иако првиот модел на марката кој има симболична ознака 01 е претставен пред цели три години, поради ним познати причини, европската премиера на Lynk & Co е закажана дури сега, за есенва. Тој ќе започне да го пробива европскиот конзервативен мраз од Амстердам, кој е избран, како што велат менаџерите на производителот, заради својата анти-автомобилска репутација. За разлика од името, карактерот на 4,5 метарскиот SUV ќе користи многу напредна технологија. Како појдовна точка послужи екстра успешниот XC40 на Volvo. Тоа значи дека е направен на корпорациската CMA (Compact Modular Architecture) платформа и дека ќе има трицилидрични (од 1,5 литри) и четирицилиндрични (2,0 литри) бензински турбо мотори, а предвидена се PHEV и целосно електрична верзија.
Погонот кој е само на предната оска може да се одвива преку мануелен менувач со шест и DCT автоматика се седум степени на пренос. Главната разлика со европскиот оригинал се прави во конективните можности – Link & Co 01 освен што ги подржува системите на постоечките мобилни мрежи, има и сопствена платформа за податоци, сопствена архива на апликации и сопствен Cloud. Од централата на Link & Co која се наоѓа во Гетеборг е најавено дека после првиот салон во Амстердам мрежата ќе се отвара со забрзано темпо.