Три модела помалку
» На почетокот на летото Lexus го покажа обновениот конкурент на Audi A4, Jaguar XE, серијата 3 на BMW и C-класата на Mercedes, моделот IS. Јапонците тогаш не кажаа ништо, но затоа дилерите на марката започнаа да зборуваат дека нема повеќе да го продаваат. Гласините сега станаа и официјални – Lexus го повлекува овој модел од европската понуда. Причината треба да се бара во продажбата, која лани изнесуваше само 3.282 примероци.
Заедно со него од продажните салони на Lexus во Европа ќе исчезнат уште два модела – компактниот CT и купето RC. За првиот се знаеше дека ќе престане да се произведува, а со оглед на опаѓањето на атрактивноста на спортските купеа, исфрлањето на вториот воопшто не изненадува.