Автомобилите од Далечниот Исток се најквалитетни
» Редовното годишно истражување на американскиот JD Power донесе некои работи кои ги знаеме, а други кои не ни претпоставувавме дека такви ќе бидат. Со неговото оценување на квалитетот на автомобилите беа опфатени повеќе од триесет илјади возила стари три години. На нив се следеа вкупно 184 потенцијални проблеми, врз основа на чиј број е направено рангирањето. Во него, како и порано, предничат марките од Далечниот Исток – на првото место е Lexus со 133 на 100 возила, следен од Genesis со 144 и Kia со 152 проблеми. Меѓу првите 10 и над просекот кој изнесува 186 проблеми се и Buick, Chevrolet, Mitsubishi, Toyota, Hyundai, Mini и Nissan. За разлика од нив, на самото дно на листата е Land Rover со 273 проблеми, а малку подобри од него се Lincoln, Audi, Ford и Mercedes.