Тотално откачено!
» Ако сте мислеле дека иднината е во електричните автомобили, се лажете – тоа е пораката што Toyota ни ја испрати преку нејзината луксузна филијала Lexus чиј најнов концепт нé собори од нозе. Не кажаа многу за него, оставајќи нé сами да го извлечеме заклучокот, но за да го сториме тоа треба да знаеме дека е задвижуван од еднолитарски мотор со внатрешно согорување кој место бензин троши водород.