Швајцарски ентузијазам
» Руската теренска легенда повторно ќе се испроба на најтешкото светско натпреварување. Швајцарскиот екипаж Марио Јакобер и Слаѓан Милиќ (чие потекло е очигледно) ќе застаната на стартната линија на релито Дакар со Lada Niva. И самата помисла за настап со овој теренец е ентузијастичка, а фактот што тие ќе го сторат тоа со половно возило произведено 1984 година уште повеќе. Идејата за ова им дојде со воведувањето на новата класа Дакар Класик во која ќе настапуваат возила произведени пред 2000-тата година. Иако аматери, тие сами го подготвија автомобилот олеснувајќи му ја каросеријата, дотерувајќи му ги моторот, вградувајќи рол-бар, тркачки седишта и сé друго што можеле. Она што го направија го покажаа на стручњаците на спортското одделение на Lada во Толјати, каде инженерите им дадоа корисни совети, а компанијата AvtoVAZ им вети финансиска помош за нивниот настап.
Niva се појави на релито Дакар на почетокот на ’80-тите години, кога тимот на францускиот импортер на Lada со специјално подготвено возило освои едно трето и две втори места. Релито Дакар 2022 ќе се одржи од 2 до 14 јануари.