Компактниот SUV-бестселер кај нас веќе е во продажба
» Со петтата генерација на Sportage, Kia прави сериозен исчекор кон врвот на компактната SUV класа. Досегашните четири генерации успешно ги поминаа сите пазарни предизвици кај нас, искачувајќи се до сериозни 45 отсто учество во својот сегмент. Од новата петта генерација се очекува исто, дури и повеќе, за што ќе помогнат високите естетски критериуми, премиум материјалите и најсовремените технолошки решенија.
Посебно димензиониран спрема очекувањата и потребите на европските купувачи, Sportage е поставен на нова платформа со дизајнерски провокативна но визуелно избалансирана каросерија. Очекувано, новини има и во моторната понуда – основниот бензинец има две нивоа на моќност со 150 и 180 KS, а дизелите се со 115 или 136 коњски сили На располагање е и блага хибридна технологија, а наскоро се очекуваат хибридните и плаг-ин хибридните изведби на Sportage. Менувачите се мануелни со шест или автоматизирани со седум степени на пренос, а погонот на предните или на сите четири тркала. Кога сето тоа ќе се искомбинира со четирите пакети на опрема, плус иницијалниот First Edition специјално подготвен за лансирањето во Македонија, се добива импресивно пополнета понуда за сечии желби и потреби, со цени кои стартуваат од 24.900 евра.