Второ па пак машко
» Kia ни подготви пар видеа и фотографии од својот долго очекуван електричен SUV модел EV9, со што го најави неговото пристигнување. Големиот спортски теренец би требало во ова доба на електрификацијата да ја забрза преобразбата на марката како компанија која нуди решенија за одржлива мобилност. Елегантната силуета, специфичните светла и јасните линии најавуваат одважен и самоуверен изглед на најпрестижниот нивни модел. Досега невидениот дизајн на предниот дел му дава чист ан идентитет кој се карактеризира и со необичната светлосна што ја создаваат предните и задните светла. Како и EV6 и тој е направен на наменската E-GMP платформа за електрични возила. Целосниот изглед ќе биде покажан на средината на месецов, додека за техниката ќе дознаеме малку подоцна.