Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>6 февруари 1954 година

Само за автомобилските гурмани

» Како место на раѓање на SL класата на Mercedes е запишан салонот на автомобилите во Њујорк, каде на денешен ден 1954 година предизвика сензација. Првата генерација на овој култен модел беше иницирана од успесите на тркачкиот W194 кој две години пред тоа ги покажа потенцијалите на својата конструкција. Експертите на Mercedes од неа без проблем ја извлекоа производствената верзија, давајќи ѝ ја истата 300 SL ознака. Фабрички позната како W198, таа се одликуваше со вратите кои се отвораа нанагоре како галебови крилја, чиј англиски термин Gullwing стана заштитен знак на ова генерација. Нејзиниот трилитарски мотор со 240 KS беше доволен за максимални 263 km/h.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *