Значајна награда за Kia
» Со освојувањето на својата прва титула „Автомобил на годината“ во Европа, Kia доби вистинска сатисфакција на своите напори. Со вкупно 279 бодови електричниот адут на Корејците EV6 ги победи конкурентите Renault Megane E-Tech (265 бодови), Hyundai Ioniq 5 (261 бод), Peugeot 308 (191), Škoda Enyaq iV (185), Ford Mustang Mach-E (150) и Cupra Born (144).