Tags: , , ,
Kia EV6 е избран за Автомобил на 2024 година во Македонија

Првиот електричен модел носител на титулата

» Националното жири годинава по 29-ти пат го организира изборот на автомобил на годината во Македонија кој е најстарата манифестација од ваков тип не само кај нас туку и во целиот регион. Од новите моделите пристигнати на македонскиот пазар минатата година националното жири согласно правилникот за работа и критериумите на изборот одреди пет финалисти. Без разлика на класата и типот на погон тие рамноправно конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија“.

Листата на финалисти ја сочинуваа (наведени по азбучен ред):

Jeep Avenger
Kia EV6
MG4
Renault Austral
Škoda Enyaq

Националното стручно жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ составено од новинари од различни редакции, со поединечно гласање реши титулата за 2024 година да му ја додели на Kia EV6, со што стана првиот електричен автомобил носител на титулата. Ова возило доби три гласа од членовите на жирито, кои поединечно ги дадоа гласовите за следните модели:

Горан Антевски – Kia EV6
Владимир Ристовиќ – Kia EV6
Агрон Сулејман – MG4
Зоран Коцев – Kia EV6

EV6 не само што е првиот модел на Kia направен на новата електрична глобална модуларна платформа, туку и првиот автомобил што ја има имплементирано смелата нова дизајнерска филозофија на компанијата. Тоа заедно со динамичните перформанси, импресивната автономија и брзото полнење на батериите навистина го претставуваат EV6 како нешто посебно. Во внатрешноста обезбедува комфор и пространост на лимузини од висока класа, а поставува и нови стандарди во однос на технологиите за помош на возачот и инфозабава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *