Акцент на електрификацијата
» Водечкиот германски салон на автомобилите IAA по 69-ти пат ги пречекува посетителите од целиот свет, овој пат во главниот град на Баварија. Освен по промената на местото на одржување, оваа манифестација е значајна и по тоа што е прва од избивањето на пандемијата. Ќе остане запаметена и по тоа што е прва која не се одржува само на една локација. Освен на централното место на минхенскиот велесаем, настаните поврзани околу IAA се распространети на десетина области низ градот. Акцентот, секако, е на електрификацијата и иако повеќе значајни производители не изложуваат, оние кои се тука имаат подготвено доста новитети. Дел од нив сериски, повеќето концепти, тие се тема за која цел свет ќе зборува во деновите што следат, сé до 12 септември до кога ќе трае манифестацијата.