Кипер за градска употреба
» Ова што го гледате е најмалиот тристран кипер на германскиот производител на приклучна техника Humbaur. Конструкцијата му е алуминиумска, може да превезува секаков вид материјали а аголот а кипење е 45° на сите три страни. Вкупната тежина му изнесува 2.000 kg, а носивоста 1.335 kg. Товарниот дел од приколката е долг 2,67, широк 1,5 метри, а висината на товарање е 75 сантиметри. Овој интересен производ има и интересна цена – околу 5.500 евра.