Tags: , ,
Honda обувки за луѓето со оштетен вид (со видео, на јапонски)

Во име на хуманоста

» Honda, сметајќи дека своите технолошки решенија може да ги искористи и на друг начин а не само во автомобилите и мотоциклите, основа посебна компанија која ќе се занимава со изнаоѓање примена на развиените изуми во хумани цели. Првата нивна идеја се обувки со навигациски систем наменет за луѓето со оштетен вид. Тие ќе имаат прицврстен сензор за движење и ќе работат со поддршка на мобилен телефон и 3-Д уред за вибрации. Тој на корисникот ќе му испраќа сигнали кога треба да оди право, кога лево или десно, а кога да застане. Поред јапонските инженери, користењето на овие обувки ќе биде целосно интуитивно. Како функционира овој производ кој на пазарот треба да се појави на почетокот на 2023 година, можете да погледнете во видеото, ако го разберете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *