Tags: , , , , , ,
Great Wall ја напаѓа Европа

Ова станува сериозно

» Кинеските производители на возила досега многупати се обиделе во Европа, безуспешно. Но сега работата е сериозна – Great Wall ги здружи силите со Emil Frey за продажба на неговите електрифицирани возила од марките Ora и Wey  во Германија. Тие своите модели ги претставија на јавноста пред година дена на салонот во Минхен, предизвикувајќи измешани реакции. Посебно електричниот Cat 01 кој дизајнерски е верна реинкарнација на Volkswagen Beetle, со доволна количина ситни интервенции за да се намалат ризиците од тужба на германскиот производител. Пласиран како високотехнолошки производ, овој автомобил долг 4,24 метри има електромотор од 171 KS и автономија од 400 километри. Цената на основниот модел би требала да биде околу 30.000 евра.

Wey пак цели малку повисоко. Моделот Coffee 01 е плаг-ин хибрид долг 4,87 метри. Опремен е со дволитарски бензинец и два електромотора со вкупна моќност од 476 KS. Електричната автономија му изнесува 150 километри, а основната цена околу 50.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *