Tags: , ,
Ford Mustang I (1962) – видео

Премногу провокативна авангардност

» Без сомнение, првата генерација на Ford Mustang од 1964 година е еден од најубавите и најпопуларни автомобили на светот. Но пред да го лансира таков каков е, американската компанија го испита пулсот на публиката со концепт кој беше нешто сосема различно. Креиран како отворен двосед со алуминиумска каросерија со клинест облик, скриени светла и централен мотор, тој повеќе личеше на нешто наменето за трки отколку за големосериско производство. Имаше применето некои невообичаени технички решенија, како на пример седиштата кои беа дел од носечката структура заради што возачот ги прилагодуваше управувачот и педалите. Се појави во октомври 1962 година на големата награда на САД, каде парадирајќи ја помина патеката задвижуван од својот мал 1,5 литарски V4 мотор од германскиот Taunus, распрснувајќи ги и последните надежи дека можеби ќе си го најде своето место на американските патишта. Не признавајќи докрај дека не им се допадна на присутните, заклучокот на раководството на Ford беше дека ваков спортски модел е премногу комплексен за регуларно производство, по што наредната година 1963 следеше уште еден, конструктивно сосема различен концепт на Mustang.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *