Tags: , , ,
Ford Mustang, прва генерација (1964-1973) – 7*видеа, фото галерија

Сé останато е историја

» Ford Mustang, можеби најуспешниот спортски модел во историјата на авто-индустријата, беше апсолутна ѕвезда на салонот во Њујорк 1964 година. Тајната на мегауспехот кој следеше беше трансформацијата на обичен американски конфекциски автомобил во суператрактивен, за купувачите евтин а за производство едноставен спортски модел, при што клучот лежеше во дизајнот. Беа креирани неколку суштински различни концепти, од кои виза за понатамошен развој доби моделот со 2+2 седишта во купе и кабриолет изведби и во основа со идентична механика презедена од некој друг високосериски модел, во овој случај компактната лимузина Falcon која имаше надолжно поставен мотор напред и погон на задната крута оска ослонета на лиснати пружини.

Но најважно од сé беше самиот пристап кон стратегијата за лансирање на моделот. Имено, пред неговото појавување во јавноста Ford повика 52 брачни пара со мали деца да се запознаат со новиот спортски автомобил кои воопшто не беа целна група купувачи. Откако детално го разгледа, им беше поставено едноставно  прашање – дали би бил практичен автомобил за нив. Секако, огромниот дел одговорија негативно. После тоа беа запрашани што мислат колку би чинел, а добиените одговори беа далеку над цената што ја имаше предвидено Ford. Но кога им беше кажана вистинската цена, настана чудна трансформација – луѓето започна да се враќаат наново да го разгледаат, пронаоѓајќи многу причини зошто тој сепак би им бил практичен. Поединечно можеби не толку, но заедно дизајнот, карактеристиките и цената го направија Mustang неодолив.

Конференција за печат на која тој беше претставен привлече огромно внимание. Се емитуваше на три национални телевизии, а ја следеа повеќе од 29 милиони гледачи. Новинарите пак објавија 2.600 вести. Во текот на првиот викенд од продажбата четири милиони Американци поитаа кон дилерствата на Ford да го видат новиот модел, а само првиот ден беа направени 22.000 нарачки. Основниот модел се задвижуваше со реден шестцилиндричен мотор со брегаста оска во блокот, работна зафатнина од 2,8 литри и 102 KS. Со тристепен мануелен менувач постигнуваше 154 km/h и до 96 km/h забрзуваше за 14,5 секунди, што за тогашните американски поими беше сосема коректно, полу-спортски. Заради сето ова некои велеа (и беа во право) дека се работи за ‘лажен’ спортски автомобил, што го потврдуваа и барабан сопирачките на сите тркала. Должината му изнесуваше 4.613  милиметри, широчината 1.732 а височината 1.298 mm, додека потрошувачката од 12 литри на отворено а 20 во град беше ОК. Основната цена изнесуваше 2.368 долари, но неговиот идеен творец Ли Ајакока осмисли паметна стратегија со доплатни опции, така што просечниот купувач плаќаше по 1.000 долари повеќе.

Така Mustang стана мегахит и во наредните две години Ford на него оствари 1,1 милијарда долари профит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *