Конечно, се сетија!
» Уште со првите најави дека се подготвува духовен наследник на легендарниот Bronco, од Ford беа децидни – овој теренец се развива само за Северна Америка и како таков е наменет само за тој пазар. Френетичната реакција на пазарот кога беше претставен потврди и зошто – Ford собра толку многу нарачки што едвај можеше да се носи за нив. Едноставно, немаше капацитети ни за да размислува за негово лансирање во Европа. Но сега кога производството му започна, некој се сети дека моментот мора да се искористи, затоа што кога продажбата во САД ќе спласне, тој сигурно нема да биде интересен во Европа. Затоа одговорните во Детроит ја префрлија топката кај своите потчинети во европската филијала, кои треба да одлучат дали ќе го лансираат Bronco и на Стариот Континент. Но и да се случи тоа, нема да биде пред 2023 година и веројатно ќе биде понудена само 2,3 литарската четирицилиндрична верзија, чија цена во САД стартува од 28.500 долари.