Не прашувајте за цена
» Ferrari во соработка со Richard Mille (иако е поисправно обратно да бидат наведени) го лансираше најтенкиот механички часовник на светот, дебел само 1,75 милиметри, што отприлика е колку две банкарски картички една врз друга. Висината на механизмот изнесува 1,18 милиметри и тежи само 2,87 грама, а на целиот часовник 30 грама. За да не ве заморуваме со многу бројки ќе наведеме само уште две – ќе бидат направени 150 примероци од него, по цена од 1,7 милиони швајцарски франци, без даноци!