Помалку чипови, поголема продажба
» Пандемијата и недостатокот на чипови го свртеа европскиот автомобилски пазар наглавечки – во јули се продадоа за 24 отсто помалку возила отколку лани и за 27 отсто од полани. Меѓу нив на првото место неочекувано се најде Dacia Sandero, чија продажба е за 6 отсто подобра од ланската, но и за 2 отсто помала од онаа во 2019-тата. Традиционалниот бестселер Volkswagen Golf застана на второто место со 37 односно 39 отсто опаѓање на продажбата, додека со плус 3 односно плус 14 отсто на третото место се искачи Toyota Yaris. Меѓу останатите на топ-10 листата најголем пораст има забележано Hyundai Tucson (+39 односно +21%), додека никој друг не стигна до минусот на Golf.
Гледано по марки, само Hyundai (+,5,%) и Suzuki (+4,7%) забележаа пораст на продажбата, додека сите други се во минус – Renault (-54%), Ford (-46%), Nissan (-37%), Peugeot (-34%), Citroen (-31%)… Учеството на дизелите од 32% во јули 2019 и 30% во јули 2020-та се намали на 22%, а на бензинците пак од 63 односно 60 отсто се намали на 59. Јасно, продажбата на електрични и плаг-ин хибридни возила порасна од 3 односно 9, на 17 отсто.