Електричен мотоцикл со батерии во V8 формација
» Американскиот производител на електрични мотоцикли Curtiss има направено интересен мотоцикл наречен Zeus V8, кој има сет батерии распоредени во облик на погонски V8 мотор. Кој е всушност Curtiss? Старт-ап компaнијата е формирана во 2017 година, но корените се влечат уште од времето кога компaнијата произведувала класични мотоцикли под брендот Confederate Motors. Во 2018 година паралелно со производството на импресивни мотоцикли со класични мотори се развива и првиот прототип на електричен мотоцикл од серијата Zeus. Точно една година потоа компанијата го претставува вториот прототип од серија, кој сега има поинаков облик, и што е најважно, ако првиот прототип имаше батерии кои силно асоцираа на боксер мотор, кај новиот тие се поставени во облик на надолжно сместен V8.
Тие батерии имаат капацитет од 16,8 kWh што претставува гаранција за солидна автономија. Во електричниот мотоцикл е вграден мотор кој испорачува максимални 217 KS, а погонот до задната оска се одвива преку посебно конструиран ремен. Прототипот Zeus V8 е изработен од внимателно одбрани материјали како што се карбонски влакна, алуминиум и титаниум, па затоа и високата цена од 78 илјади долари може лесно да се оправда. Иако никој не очекува некоја голема редица на чекање, сепак интересот е евидентен – барем така тврдат од Curtiss.