Tags: , ,
Citroen 2CV Charleston (фото-галерија)

Како Спачек одбиваше да умре

» Во 1980 година кога продажбата на ултрапопуларниот но повеќе од три децении стар Спачек започна да опаѓа а ниту еден од неговите несудени наследници кои во тој момент се произведуваа – Dyane, LN и Visa не успеа да го замени, Citroen на салонот на автомобилите во Париз ја претстави неговата специјалната едиција Charleston, по цена од околу 11 отсто повисока од онаа на 2CV 6 Club на кој беше базиран. За да се задоволат пуристите, како што Citroen во своето прес соопштение од претставувањето наведе, од него се разликуваше по двобојната каросерија, тркалезните светла и неколку други стилски детали на надворешноста, додека внатре тапацирот беше посебен а изработката поквалитетна. Моторот беше истиот двоцилиндричен воздушно ладен боксер со 602 cm³ и 29 коњски сили, со кои развиваше 115 km/h.

Но иако беше планирано да се произведат само 8.000 примероци што претставуваше отприлика месечна продажба, оваа серија стана толку популарна што се произведуваше уште 10 години – до конечното пензионирање на Спачек. Charleston иницијално беше продаван во комбинација на црвена и црна, а подоцна и жолта и црна која пак беше заменета со две нијанси на сива боја. Токму таков беше и официјално последниот 5.114.969-ти по ред примерок на Спачек кој на 27 јули 1990 година во 16 часот и 30 минути излезе од производствените хали на португалската фабрика на Citroen, чиј директор го задржаа за себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *