Убавината има цена
» Ниту еден Bugatti не е евтин. Ниту некогаш бил, а никогаш нема ни да биде. А речиси и две идентични возила нема да бидат направени – сите на некој начин се оригинали кои се прилагодени на посебните желби на купувачот. Затоа секое од нив заслужува посебно внимание, особено ако е убаво како овој Type 57S Atalante со година на раѓање 1937-ма. Овој технички бисер го задвижува 3,3 литарски мотор со осум цилиндри во линија кој произведува 200 KS, a карактеристика му е и што е опремен со диск сопирачки на сите тркала. Специфичната фигура со уникатни пропорции е лично дело на Жан Бугати, синот на основачот на компанија Еторе, што само по себе значи уникатност и неповторливост. Идентично како и уникатноста на 17-те произведени примероци меѓу кои е најскап – во 2020-тата беше продаден за 7.855.000 фунти.