Најскапиот нов автомобил во историјата
» Кога Bugatti го претстави La Voiture Noire, не кажа кој ќе биде негов сопственик. Се зборуваше дека е наменет лично за Фердинанд Пих, екс-шефот на групацијата Volkswagen, но тоа никој не го потврди. Но кој и да е, за овој рачно изработен суперболид ќе плати 16,5 милиони евра, кои го прават најскапиот нов автомобил во историјата.
Целосно изработен од карбонски влакна, за него е искористена основата на Chiron, вклучувајѓи го и моторот од 16 цилиндри распоредени во W-конфигурација, чии осум литри работен волумен потпомогнати од четири турбо полначи испорачуваат 1.500 KS и максимален вртежен момент од 1.600 Nm. Инспирација при изработката на La Voiture Noire (на француски црн автомобил) е побарана во далечното минато на брендот и пронајдена во моделот Type 57 SC Atlantic, направен во раните триесетти години.
За да создадете вистинска слика за што точно се работи, ви предлагаме да го погледнете приложеното видео.