Ракета во вистинска смисла на зборот
» Серијата Rocket на Brabus со причина го носи тоа име, без оглед дали се работи за S-класата на Mercedes или како во овој случај за теренската G-класа. Што и да е појдовната точка, резултатот е ист – апсурдно агресивен изглед, ултимативна сила и феноменални забрзувања, по заслуга на 4,5 литарскиот V8 кој испорачува 900 KS и 1.250 Nm, кој заради заштита на погонскиот склоп, електронски се ограничени на 1.050. Но и тие се доволни за катапултирање до 100 km/h за 3,8 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 280 km/h. Од Brabus велат дека може и повеќе, но пневматиците не можат. Затоа пак ограничување за цената нема – таа во Германија е точно 571.270,21 евра. Разгледајте што за тие пари ќе добијат 25-те идни сопственици.