За секого по нешто, за сите струја
» Кога ќе започне продажбата на електричниот i4, купувачите на BMW ќе можат да бираат меѓу три верзии означени слично како и сегашните модели. Иницијално ќе бидат лансирани попрестижните модели – i440 и M50 xDrive, првиот со 330 KS и погон само на задните, а вториот со 460 KS и погон на сите четири тркала. Основната верзија ќе следи подоцна – ќе биде малку послаба (околу 280 KS) и најверојатно ќе ја носи ознаката i435. Се очекува да бидат опремени со батериски пакет од 80 kWh кој ќе дозволува поминување на околу 600 километри, без засега да се знае дали тоа ќе биде единствената опција.