Tags: , ,
BMW серија 4 Coupe (видео)

Бубрежна доминација

» По ланската премиера на новата серија 3, никој не можеше да претпостави дека купе варијантата ќе навлезе во нови дизајнерски полиња, дека ќе ја изгуби трагата од својот механички донатор и дека силно ќе раскрсти со својот претходник. Носител на новата визуелизација е маската на која доминираат традиционалните бубрези, но сега во XXL формат. Променетите пропорции само го дополнуваат спортскиот впечаток.

Габарити

Должината на серијата 4 на BMW од 477 cm (+12,8 cm), широчината од 185 cm (+2,7 cm) и височината од 138 cm (+0,6 cm) јасно ја покажуваат намерата да се угоди на возачите кои преферираат чисто спортско доживување. Зголеменото меѓуоскино растојание (285 cm) би требало колку-толку да го ублажи недостатокот на простор на задната клупа, но за рамноправен третман на патниците сместени на тие позиции три и четири сепак ќе мора да се попричека Grand Coupe верзијата. Во согласност со имиџот е конципирана и опремата. Кожениот ентериер со спортски управувач и седишта доаѓа како стандардна опрема, исто како и комплетното LED осветлување, поголемиот хед-ап дисплеј, ветробранското стакло со посебна акустична изолација, трозонската климатизација…

Бидејќи серијата 4 е дизајнирана како машина за задоволство при возење, во неа се вградува и систем за подесување на ослонувањето. За поголема крутост инженерите имаат интегрирано дополнителни стабилизатори во моторниот простор кои практично ги има насекаде околу моторот. Постојат и дополнителни зацврстувачи на задната оска. Споредено со седанот од серијата 3, купето е за 21 милиметар пониско.

Моторизација

Три бензиски и еден дизел мотори се во првичниот налет на серијата 4. Тие се комбинираат со шестстепени мануелни или пак со осумстепени автоматски менувачи. Интегралниот xDrive погон е достапен само кај M440i и 420d, додека Mild Hybrid технологијата (11 KS) не е на располагање само кај дволитарскиот бензинец. Ова се техничките податоци за нив. Од идниот март понудата ќе биде дополнета со 430d и M440d xDrive кои ќе имаат трилитарски дизел, првиот со 286 а вториот со 340 KS.

420i 430i M440i xDrive 420d 420d xDrive
цилиндри/вентили 4/4 4/4 6/4 4/4 4/4
зафатнина 1.998 cm³ 1.998 cm³ 2.998 cm³ 1.995 cm³ 1.995 cm³
гориво бензин бензин бензин дизел дизел
силина 184 KS 258 KS 374 KS 190 KS 190 KS
при вртежи 5.000-6.500 5.000-6.500 5.500-6.500 4.000 4.000
вртежен момент 300 Nm 400 Nm 500 Nm 400 Nm 400 Nm
при вртежи 1.350-4.000 1.550-4.400 1.900-5.000 1.750-2.500 1.750-2.500
48-волтна Mild-Hybrid технологија 11 KS 11 KS 11 KS
перформанси
забрзување 0–100 km/h 7,5 секунди 5,8 секунди 4,5 секунди 7,1 секунда 7,4 секунди
максимална брзина 240 km/h 250 km/h 250 km/h 240 km/h 238 km/h
потрошувачка
во град 6,6-7,2 l/100 km 7,3-7,7 l/100 km 8,6-9,0 l/100 km 4,5-4,9 l/100 km 4,8-5,2 l/100 km
на отворен пат 4,6-5,0 l/100 km 4,8-5,3 l/100 km 5,7-6,0 l/100 km 3,6-3,9 l/100 km 4,0-4,2 l/100 km
просек 5,3-5,8 l/100 km 5,7-6,1 l/100 km 6,8-7,1 l/100 km 3,9-4,2 l/100 km 4,3-4,6 l/100 km

BMW ја произведува серијата 4 во својата најголема европска фабрика во Динголфинг, Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *