Првоаприлска шега во ноември или вистина?
» BMW ја започна својата историја како производител на авионски мотори, од каде му е и логото, сино-белиот пропелер. Со текот на децениите компанијата се сврте кон производство на мотоцикли и автомобили, а сега, како гледаме во видеата, повторно се враќа на своите корени – авијацијата. Најновата креација е дело на нивното студио Designworks и е наречено Electrified Wingsuit – електрифициран крилест костум. Баварците тврдат дека двата електромотора со по 10 KS со помош на пропелерите кои се вртат до 25.000 во минута ќе овозможат петминутно летање и тоа со брзина поголема од 300 километри на час!
Иако звучи како првоаприлска шега во ноември, видеата велат дека треба да им веруваме.