Tags:
AutoBest Gala Awards 2022

21-во издание

» Стразбург е главен град на Европа и официјален дом на Европскиот парламент. Одлуката AutoBest да го организира гала настанот во Стразбург е длабоко поврзана со ориентацијата да се стане поблизок со желбите на европските купувачи. Годинава локацијата на настанот нема да биде јавно објавена до денот на одржувањето. 21-вата едиција е креирана околу интригирачки концепт, потенцирајќи ја француската култура. Дан Варди, основач и претседавач на AutoBest рече: „Според нашата традиција еднаш во 32 години правиме настан во некоја од земјите членки каде им посакуваме добредојде на водечкиот мотористичките медиумски настан во Европа и во светот. Оваа година тоа е Франција. AutoBest ги претставува Европските мотористи, давајќи им проверени информации што е најдобро од автомобилската индустрија, од Best Buy Car of Europe, со специјални признанија посветени за остварување во полето на технологија, дизајн, конективност, мотоспорт итн. Во текот на Gala Awards, врвното европско признание ќе биде предадено на Dacia за 100% електричниот Spring. Останатите награди што ќе бидат врачени во текот на церемонијата се:

  • CompanyBest 2022 : Pininfarina S.p.A
  • ManBest 2022: Мате Римац
  • EcoBest 2022: Renault Megane E-Tech
  • SafetyBest 2022: Isuzu D-Max
  • SmartBest 2022: Mercedes-Benz MBUX Hyperscreen
  • SportBest 2022: Алехандро Агаг, основач на формула Е и Extreme E
  • DesignBest 2022: Валтер де Силва

Учеството е само со покана. Гала вечерта ќе биде пренесувана на вебсајтот, Фејсбук и YouTube каналот на AutoBest.

За AutoBest

Организацијата AutoBest е основана 2001 година со револуционерен концепт „највреден автомобил за парите“ достапен на европскиот пазар. Вкупно 31 европска нација е застапена во жирито, плус Русија која е привремено суспендирана и го преставува огромно мнозинство на европската популација. Еден автомобил да стане победник на AutoBest мора да ја претставува најдобрата понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, дистрибуцијата на резервни делови и разновидноста се најважни критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии станаа важни критериуми во гласањето. AutoBest користи транспарентен систем на гласање со комплексна матрица сочинета од 13 критериуми за да го избере победникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *