Збогум за DTM и формула Е, здраво за Дакар
» Ако од порано се знаеше дека Audi го напушта DTM, мало изненадување е делумното откажување на учеството во формула Е, а големо враќањето во релито, овојпат преку изискувачкиот Дакар. Новиот директор на спортското одделение Јулиус Зеебах кој воедно е и директор на Audi Sport GmbH ќе има за задача да го спроведе тоа. Тајното оружје кое ќе му помогне веќе се подготвува и на почетокот на 2022-рата ќе се впушти во бркање на конкурентите по саудискиот песок со својот електричен погон. Проблемот со складирање доволни количини струја ќе биде решен со мотор со внатрешно согорување, што значи дека екстремниот Дакар-тркач ќе биде хибриден SUV со TFSi мотор кој ќе произведува струја за погонските електромотори. Сé останато за него е мистерија.