Нов модел за новото доба
» DB7 беше првиот нов модел откако Ford целосно го презеде Aston Martin и за него беше изградена нова фабрика. Со модерен и сосема поинаков изглед од дотогашните модели дебитираше на салонот на автомобилите во Женева 1993 година, а продажбата стартуваше година ипол подоцна. На почетокот единствена моторна опција беше 3,2 литарскиот шестцилиндричен компресорски мотор со 335 KS додека подоцна беше додаден и 6,0 литарскиот V12 со 420 KS. Со него DB7 можеше да забрза до 100 km/h за само 4,9 секунди и да стигне до максимална брзина од 300 km/h. Беше доста популарен и во текот на 11-те години производство беа продадени преку 7.000 примероци.