Tags: ,
И Volvo со фабрика во Словачка

Инвестиција тешка 1,2 милијарди евра

» Словачка која е најголем извозник на автомобили според бројот на жители привлече уште една автомобилска инвестиција – Volvo објави дека во Кошице ќе вложи 1,2 милијарди евра во изградба на нов производствен погон за електрични возила. Од шведската компанија која во Европа има свои фабрики уште во матичната земја и во Белгија велат дека оваа постројка ќе се проектира со капацитет за 250.000 автомобили годишно, со можност за понатамошно ширење. Изградбата ќе започне наредната година, а со работа треба да стартува во 2026-тата. Се зборува и за владини субвенции во висина од 20 отсто од трошоците. Раководството на Volvo има амбиции до средината на деценијата да продава по 1,2 милиони возила годишно место сегашните околу 700 илјади. Значајно е и тоа што 27 отсто од нив се електрични и плаг-ин хибриди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *