Првиот автомобил на Џејмс Бонд
» Имајќи го главниот збор, Американците во текот на 50-тите години во голема мерка влијаеја на автомобилскиот пазар кој се измени многу и купувачите се навикнаа моделите секоја година да добиваат нов дизајн. Тоа го почувствуваа и европските, пред сé британските производители на кои продажбата во САД им носеше добри приходи. Увидувајќи дека DB2/4 веќе петта година се произведува без поголеми промени, Aston Martin во 1957-мата подготви негова обновена верзија лансирана под ознаката DB 2/4 Mark III, која за полесна комуникација се користеше скратена на DB Mark III. Слично како и кај претходниците, и овој модел беше побрз и поубав. Како инспирација британските дизајнери го имаа тркачкиот DB3S, кој тогаш претставуваше страв и трепет на патеките. Главната разлика беше маската, која ја доби и денес карактеристичната форма. Добро беше чепнато и во механиката, не само во моторот кој на почетокот доби 162 а подоцна 178 и 195 KS и кој за прв пат можеше да биде спарен и со автоматски менувач. До 1959 година беа направени 551 примерок.
Aston Martin DB Mark III беше првиот автомобил што го возеше Џејмс Бонд, во романот Голдфингер на Јан Флеминг – во филмската адаптација се користеше DB5.