Дизел алтернатива на BMW X3 и X4 M
» Како и секое дело на Alpina, така и новите XD3 и XD4 се изведени од X3 и X4 по сопствен, независен од BMW рецепт. А тој, во овој случај, е додавање на уште два турбо компресора на трилитарскиот дизел покрај неговите два, така што сега тој со нив испумпува точно 389 коњски сили и 800 њутн-метри. Тоа е сосема доволно оваа дизел алтернатива на M-верзиите на X3 и X4 до 100 на час да забрза за 4,6 секунди и да постигне максимални 268 km/h.
Тоа задоволство, заедно со сите облагородувања што Alpina ги прави на своите автомобили, ќе чини 85.900 односно 89.100 евра.