Би сакале да видиме вакво нешто!
» Автомобилскиот свет би бил многу поубав доколку производителите на автомобили ангажираат дизајнери како Гилхерм Араухо, чие дело се рендерите што ги гледате. Автомобилот што тој го замисли и нарече GTS има прекрасен ретро-инспириран и безвременски дизајн со класични пропорции и силен персоналитет што прави да изгледа многу поразлично од другите модели на Alfa Romeo, но сепак недвосмислено го идентификува како возило на италијанскиот производител. За кој стилски елемент или детаљ да се зборува заклучокот секогаш е ист – сé на него визуелно е доведено до перфекција, од предниот дел со кој изгледа дека ќе згази сé пред себе преку линиите што фасцинираат до брзиот и модерен заден дел. Со еден збор, воодушевувачки!