Tags: ,
Peugeot ветува

Нема повеќе чекање

» Електрификацијата е главен дел од стратегијата на Peugeot. Новиот 308 ќе има две плаг-ин хибридни верзии и во двете каросериски изведби на моделот, хечбекот и караванот, и тоа веднаш по лансирањето. Овие модели уште годинава ќе ја зголемат стапката на електрификација на гамата на Peugeot на 70%, вклучувајќи ги и патничките и комерцијалните возила. До 2023 година 85% од моделите на марката ќе бидат електрифицирани, а до 2025 година сите 100% во Европа.

Електрификацијата на Peugeot започна пред три години со лансирање на е-208 и оттогаш целосно електричните модели (покрај e-208 уште и e-2008, Traveller и Expert) и хибридите (3008 и 508) оставија свој белег на пазарот. Во првите пет месеци од 2021 година Peugeot е трета најпродавана марка за електрифицирани возила во Европа, а e-208 и e-2008 се на второто место во своите соодветни сегменти. „Електрификацијата е во коренот на нашата стратегија ‘Моќта на избор’, која им дава на нашите клиенти можност за избор на мотор, без разлика дали е конвенционален или електрифициран, она што најдобро одговара на нивните потреби. Одличните продажни резултати на нашите електрифицирани модели покажуваат дека во Европа ова стратегијата носи плод. На меѓународно ниво, дури и на пазарите каде се појавува електрификација, ќе го искористиме нашето портфолио на електрифицирани модели за да се истакнеме. Каде и да сме, сакаме да бидеме вистински двигатели на напредокот“, вели извршниот директор на Peugeot Линда Џексон.

За Peugeot електричната понуда вклучува и патнички и комерцијални возила. Марката нуди 100% електрична верзија на секој од моделите во својата гама на комерцијални возила, што им овозможува на професионалците без никаков проблем да пристапат до зелените површини на големите градови, притоа уживајќи во капацитетот и комфорот, идентичен со оној кај верзиите со согорување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *