Бубата стана мачка, и тоа панкерска
» Се појави во април на салонот на автомобилите во Шангај и цел нормален свет во него виде само ментална акробатика на кинеските дизајнери со цел привлекување внимание. Но, не испадна така – додека адвокатите на Volkswagen разгледуваа колку е украдено, Кинезите ги надмудрија и најбезобразно го патентираа дизајнот (во две верзии) на овој електричен автомобил наречен Ora Punk Cat. И тоа не само дома, во Кина, туку и во дворот на Германците – во Европа!
Барањето за заштита на дизајнот чии скици гледате се поднесени на 3 јуни до организацијата за интелектуална сопственост на ЕУ, чии службеници го имаат одобрено експресно, на 11 јуни, со важење од пет години и можност за продолжува на уште четири пати по толку. Со тоа на Great Wall му се дадени ексклузивни права во сите сегашни и идни земји-членки на Европската Унија да пласираат автомобил со овој дизајн чиј креативен процес официјално, како што е наведено во патентната документација, е потпишан со 11 имиња – сите кинески.