XC20 или XC30 – што ќе биде?
» После електричната верзија на XC40 доозначена како Recharge и најавениот купе-кросовер C40 изведен од него, Volvo продолжува со развојот на други модели со кои треба да го оствари планот до 2030 година целосно да ги исфрли од понудата возилата со класични мотори. Јасно, и новиот нивни електричен модел ќе биде кросовер, и тоа помал од наведените, од Б-сегментот или малку поголем, за кој сé уште не се знае дали ќе биде означен како XC20 или XC30. Тоа значи дека треба да очекуваме нешто големо колку Peugeot 2008 или 3008, но не и нивни ривал бидејќи ќе биде полуксузен и секако поскап. За разлика од XC40 Recharge, тој ќе биде достапен само во електрична изведба, најверојатно со еден електромотор сместен напред кој би ги задвижувал само предните тркала.
Повеќе информации не се достапни бидејќи платформата за него допра треба да се развие, но тоа не беше пречка колегите од Auto Еxpress да се потрудат и обидат да ни покажат како тие мислат дека би изгледал.